Објавено на:

Сообраќајна несреќа во Желино

t

Педесетгодишен жител на Желино го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во синоќа во ова тетовско село околу 20 часот и 30 минути.

-Во СВР Тетово во 20 часот и 30 минути било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50-годишник кој бил пешак. По пријавената несреќа во полицијата била повикана и екипа од итна медицинска помош од каде е констатирана смрт кај 50 годишникот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По несреќата е започнат увид од обвинител од тетовското Јавно обвинителство и стручна екипа од СВР Тетово. Тетовската полиција најави уште детали за сообраќајката во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

(Видео) Цел митинг во Желино: Градоначалникот се…

Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, пред околу…