Сопственикот на Алта банка Давор Мацура се сомничи дека изнел 380 милиони евра од трезорот

t

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал во Србија соопшти дека се уапсени три лица во врска со случајот „Алта банка“ во оваа држава. Давор Мацура, сопственик на „Алта банка“ АД Белград е осомничен дека изнел пари од трезорот на банката, поточно 45 милијарди динари, сума што надминува 380 милиони евра, објави Н1.

Претходно денеска, за порталот потврдиле дека Давор Мацура е уапсен и задржан во полициски притвор.

Неговиот адвокат изјави дека тој треба да биде сослушан од јавен обвинител утре, по 12 часот. Од Обвинителството информираа дека биле извршени претреси во „Алта банка“, како и во домот на Мацура.

По налог на Јавното обвинителство за организиран криминал, а во соработка со полициски службеници од Управата за криминалистичка полиција (УКП), Службата за борба против организиран криминал (СБПОК) и Одделението за сузбивање на организиран финансиски криминал, денеска се уапсени три лица: Д.М., службеник на одговорна позиција во „Алта банка“ а.д. Белград; Г.М., директор на Секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“ а.д. и И.П., соработник за трезорски операции во „Алта банка“ а.д. се наведува во соопштението на Обвинителството.

На 31 октомври и 1 ноември 2026 година, по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија, беа извршени претреси во просториите на „Алта банка“ АД Белград и во домот на осомничениот Давор Мацура. При претресот во просториите на „Алта банка“ АД, бил извршен попис на готовите пари што се наоѓале во трезорот, се додава во соопштението.

Постојат основи за сомневање дека осомничениот Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положба од страна на одговорно лице, предвидено во член 227, став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другите осомничени помогнале во извршувањето на наведеното кривично дело.

Понатаму се наведува дека постојат основи за сомневање оти осомничениот Давор Мацура, во периодот до 31 октомври 2026 година, го сторил наведеното кривично дело пречекорувајќи ги границите на своите овластувања. Осомничените Г.М. и И.П. кои биле одговорни за непосредно ракување со средствата во трезорот на „Алта банка“ АД Белград го олесниле извршувањето на делото преку создавање на неопходните услови за тоа. Конкретно, тие му обезбедиле на Мацура пристапни картички за трезорот, или пак ги искористиле сопствените картички и своето лично присуство за да овозможат негов неовластен влез во трезорот „Депо“. Во тие прилики, Мацура одзел пари од трезорот, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од приближно 45 милијарди динари.

На осомничените им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа. Овие лица во наредниот период ќе бидат на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките по Нова година со зголемена каматна…

Банките се во финални анализи и пресметки…

Украина планира да ги тужи западните банки…

Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…

Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…

Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…

Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…

Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…