Состојба со пожарите до 21:00 часот: 10 активни пожари, 19 изгаснати и еден локализиран

t

До 21:00 часот вечерва, на територијата на државата се регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои 10 се сè уште активни, 19 се изгаснати, а еден е локализиран.

Најсериозни се пожарите во Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Чучер Сандево, каде пламенот зафаќа мешани шуми и ниска вегетација. Во Чучер Сандево, пожарот меѓу селата Блаце и Чучер сè уште беснее, а поради падот на мракот хеликоптерите се принудени да ја прекинат воздушната интервенција. Гаснењето од воздух ќе продолжи утре рано наутро.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарските екипи на терен вложуваат максимални напори за да го спречат ширењето на огнот, особено во деловите каде огнот се приближува до населени места и индустриски објекти.

Локализиран е пожарот во селото Мегленци, Новаци, каде гореше депонија, додека најголем дел од останатите пожари се изгаснати во текот на денот.

Активни пожари: Прилеп – с. Бешиште Македонски Брод – с. Црешнево, с. Слатино, н. Самоков („Сувенир“ фабрика) Чашка – под Солунска Глава Чучер Сандево – меѓу селата Блаце и Чучер Дојран – с. Николич Бутел – Визбегово (хотел „Њу Стар“) Крива Паланка – с. Жидилово Делчево – градската депонија.

Локалните власти апелираат до граѓаните да не палат оган на отворено и да пријавуваат било какви забележани пожари на 112.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…

Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…

Нов Зеланд испрати два воени брода низ…

Два воени брода на Нов Зеланд поминаа…

ГОЛЕМИТЕ СИЛИ СЕ СОБИРААТ ВО ЊУЈОРК: ВОЈНИТЕ…

Њујорк оваа недела станува центар на глобалната…

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…