Спасовски: Акцијата „Безбеден град” нема да престане
Во тек е акцијата „Безбеден град“ која, како што вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, покажува уште подобри резултати во смисла на справување со сите предизвици кои ги имаме на безбедносен план и од акцијата „Безбедно лето“.
-Сакам да упатам јасна порака дека оваа акција „Безбеден град” нема да престане. Ова го кажувам затоа што се пласираат шпекулации и невистини, пред се од групи на криминалци кои не им одговара една ваква оперативна акција и морам денеска нив да ги разочарам, а на задоволство на сите граѓани на Република Македонија да укажам дека таа активност ќе продолжи во наредниот период, се со цел да ги постигнеме максимално целите а тоа е мир, безбедност и стабилност на секој еден граѓанин на територијата на Република Македонија, објави на Фејсбук министерот Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…
Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
(ВИДЕО) Дел од делегатите на Генералното собрание…
Делегати од повеќе земји ја напуштија салата…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…