Објавено на:

Спречен терористички напад во Шведскa

t

Шведската полиција денеска уапсила четири лица поврзани со исламски екстремисти, кои се осомничени за подготовка на терористички напад, соопштија од безбедносната служба Сапо и обвинителството.

„Ги откривме нивните врски со сериозен организиран криминал, како и меѓународни врски со терористичката организација Исламска држава“, изјави портпаролот на Сапо за Ројтерс.

Тој не даде дополнителни детали за сомнителните врски со ИСИС, идентитетот на осомничените или природата на наводниот планиран напад.

Апсењата следеа по опсежна истрага за случајот, се вели во соопштението на полицијата.

Државното обвинителство во соопштение прецизира дека апсењата се извршени во областа Стокхолм.

Шведските медиуми претходно денеска објавија дека голем број полицајци заедно со припадници на службата за безбедност извршиле апсење во Тирез, јужно предградие на шведската престолнина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рано утрово Душко ја фатил за коси…

Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…

Гаши се сретна со шведската амбасадорка Џеин

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја…

Протест во Малме поради Израел: „Евровизија го…

Голем протест се одржува на главниот плоштад…

Нападнати три постари жени во Шведска, па…

Шведската полиција соопшти дека застрелала маж во…