Објавено на:

Србин купил девојка за 200 евра па ја вратил назад: Полицијата открила цела шема за трговија со луѓе!

t

Србин со ромско потекло од Алексинац Зоран Б. (22), е осомничен за трговија со луѓе заедно со неговата вонбрачна жена Егзона Т. (23), сестрата Даница Б. (23) и братучедот Оливер М. (23) бидејќи држеле во ропство заради сексуални услуги девојка од Ниш која, потоа, ја продале за 200 евра на човек од Смедеревска паланка кој делото го сторил за да донесе жена дома за својот слеп син.

Сите актери се пронајдени и уапсени поради сомневање дека сториле кривичното дело на недозволена трговијата со луѓе, а по апсењето во јавност се појавија деталите за ова кривично дело.

– Таткото кој имал слеп син, во август минатата година дознал преку познаници дека обвинетите се подготвени за паричен надомест да ја дадат девојката за која тој планирал брак со својот син, што на крајот после преговори се случило но, кога девојката дошла по некое време синот му соопштил на таткото дека таа не му се допаѓа и барал од таткото да ја врати од каде што ја земал и донел.

Девојката успеала да избега од домот во кој се наоѓала и целиот случај го пријавила во полиција по што се случила акцијата на испитување на случајот и приведување на учесниците. Девојката, исто така раскажала како паднала во ропство и сексуално злоупотребување кај фамилијата во Алексинац.

Видела на Фејсбук оглас дека некои луѓе бараат девојка за чување нивни деца дома, и таа се пријавила, стапила во контакт со фамилијата од Алексинац по што веќе не можела да излезе од заедницата и, практично, западнала во ропско окружување.

“Наместо да го чува нивното дете, осомничените и ги одзедемале личните документи и потоа почнале со малтретирање. Морала да ги служи, да им чисти по дома, а потоа и да се согласува на присилни сексуални услуги. Бидејќи фамилијата имала комбе кое им служело за собирање и транспорт на секундарни суровини, тие ја воделе со себе по околните села во тоа комбе и ја приунудувале на сексуални услуги за пари.

Вообичаено, при влегување во селата, запирале кај местата каде се собираат мажи како што се селските продавници и кафеани, и ја нуделе девојката со наплата од 500 до 1000 динари по човек, а потоа оставајќи ја со купувачите на услугите заминувале да собираат секундарни суровини во селото, и на враќање ја собирале со себе назад.

Кога дознале дека има можност и интерес покажан од некој човек кој барал жена за својот слеп син, тие можноста ја искористиле и ја продале за 200 евра на лицето од Смедеревска паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР во Србија: Татко си ја убил…

Убиството во Вршац, каде што таткото Марко…

Српски аналитичар: Русија никогаш не го бранела…

Српскиот аналитичар Горчин Стојановиќ изјави дека Русија…

Нож во грб за Србија: Москва се…

Србија очекува Русија да ги заштити српските…

Нов инцидент во Косово: Албанец застрела Србин…

Пред дискотеката на влезот во Грачаница синоќа…

Продолжува забраната за извоз на млеко од…

Владата на Србија на денешната седница ја…