Студентите официјално ќе одат на избори — едногласно одлучи српската Изборна комисија

t

Републичката изборна комисија (РИК) вчера ја потврди изборната листа „Студентска листа – Студентите победуваат“. За одлуката гласаа сите 19 присутни членови на РИК, пренесува „Н1“.

Членовите на РИК на седницата донесоа и решение за именување член и заменик-член на РИК во проширен состав, на предлог на подносителот на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“

Марија Јовановиќ, членка на РИК, на почетокот на седницата изјави дека студентите поднеле вкупно 69.099 правно валидни потписи. Таа додаде дека е утврдено оти изборната листа ги исполнува условите во однос на застапеноста на половите, како и дека е приложена целата документација предвидена со закон и дека таа е правно валидна.

Студентското движење синоќа ги предаде потписите во РИК за листата на групата граѓани „Студентска листа – Студентите победуваат“.

Студентите во текот на викендот собираа потписи, а голем број граѓани ширум Србија чекаа и повеќе од шест часа во редици за да им дадат поддршка.

На вчерашниот собир по повод предавањето на потписите, Архивот на јавни собири објави дека во колоната која се движела кон РИК имало 8.700 луѓе.

Студентите пред зградата на РИК ги пречекале и трубачи.

По предавањето на листата во РИК, студентите ја објавија изборната листа со 250 кандидати за Народното собрание. Тие наведуваат дека листата настанала по повеќе од една година пленуми, блокади и заедничко одлучување. Прв на листата е д-р Илија Срдановиќ.

На листата има професори, лекари, уметници, активисти, претприемачи и луѓе од различни делови на Србија.

„Не баравме луѓе кои најдобро ќе изгледаат на билборд, ниту луѓе кои со години знаат како се преговара за место на изборна листа. Баравме луѓе за кои веруваме дека можат да влезат во институциите, одговорно да ја вршат својата работа и да не заборават зошто се таму“, наведуваат на веб-страницата „Студенти.орг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…