Србија, Бугарија и уште неколку држави од регионот добија нови американски амбасадори
Американскиот претседател Доналд Трамп номинираше неколку кандидати за амбасадорски, судски и високи административни позиции, вклучувајќи ги и новите амбасадори на САД во Србија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, објави Белата куќа на својата официјална веб-страница.
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Даглас Холдер за амбасадор на Соединетите Американски Држави во Бугарија. Холдер, 59, служеше во Претставничкиот дом на државата Флорида 8 години. Даг Холдер дипломирал политички науки на Универзитетот во Тенеси. Долгогодишен член на Републиканската партија. Тој се занимавал и со приватен бизнис. Номинацијата на Холдер мора да биде изгласана од Сенатот пред да биде официјализирана. Доколку биде одобрена, Даг Холдер ќе биде назначен речиси година и пол откако Кенет Мертен поднесе оставка од функцијата амбасадор на САД на почетокот на минатата година.
Мајкл Јанг е почитуван американски адвокат и дипломат кој е номиниран од претседателот на САД за нов амбасадор во Србија. Тој е искусен експерт за меѓународно право и дипломатија кој во текот на својата кариера имал високи позиции во Стејт департментот и раководел со неколку големи американски универзитети.
Питер Мекој, од Јужна Каролина, ќе биде вонреден и ополномоштен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Црна Гора.
Роналд Џонсон, од Масачусетс, ќе биде вонреден и ополномоштен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Босна и Херцеговина.
Сите номинации можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија, Бугарија и уште неколку држави од…
Американскиот претседател Доналд Трамп номинираше неколку кандидати…
Вучиќ: Србија е на прво место во…
Србија е прва во Европа по стапката…
Американски медиуми: Трамп му се дерел на…
Американскиот претседател Доналд Трамп наводно се налутил…
Уништена е базата од која САД го…
Воздухопловните сили на Корпусот на Исламската револуционерна…
Израелскиот министер за национална безбедност се налути:…
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир,…