Објавено на:

Израелскиот министер за национална безбедност се налути: Ова е моментот да му кажеме „не“ на Трамп

t

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, остро ја критикуваше најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на планираните израелски напади врз јужните предградија на Бејрут, повикувајќи го премиерот Бенјамин Нетанјаху да го игнорира Вашингтон и да ги продолжи воените операции против Хезболах. Нетанјаху, исто така, рече дека Израел ќе продолжи да дејствува како што е планирано во јужен Либан.

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, ја критикуваше најавата на Трамп за замрзнување на планираните израелски напади врз областите во јужните предградија на Бејрут, велејќи дека е „време да му се каже не на Трамп“, објави Ал Џезира.

„Дојде време да го направиме она што го бара нашата должност, а тоа е да го нападнеме Хезболах, да ги ослободиме нашите борци и да ја вратиме безбедноста на север“, напиша тој на платформата X.

„Господине премиере, рековте дека силниот премиер му вели „да“ на претседателот на Соединетите Американски Држави кога е можно и „не“ кога е потребно. Ова е моментот да му кажеме „не“ на нашиот пријател, претседателот Трамп.“

Нетанјаху рече дека му рекол на Трамп дека израелските сили „ќе продолжат да дејствуваат како што е планирано во јужен Либан“.

„Ако Хезболах не престане да ги напаѓа нашите градови и граѓани… Израел ќе ги таргетира терористичките цели во Бејрут“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…