Србија и Албанија се договориле да отвораат конзулати во Скадар и во Бујановац
Србија и Албанија начелно се договориле да отворат конзулати во Скадар и во Бујановац, изјави српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ, пренесе „Данас“.
„Ме радува што имав добри разговори со новиот албански министер за надворешни работи, Ферит Хоџа, со кого постигнавме начелна согласност да отвориме конзулати на нашите две земји во Скадар и во Бујановац“, изјави Ѓуриќ.
Зборувајќи за Европската Унија, Ѓуриќ рече дека Србија го забрзала спроведувањето на реформите од европската агенда и дека членството во ЕУ е национален интерес на Србија.
„Мислам дека е многу одговорно и важно што Србија го забрза темпото на спроведување на реформите кои се дел од европската агенда. Сметам дека наш национален интерес е да бидеме на таа маса, бидејќи, како и да се сврти, не само што 62 отсто од нашата економска размена е со земјите од ЕУ, туку 78 отсто е со земјите од ЕУ и регионот“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…
Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…
Казна од 3.000 евра за државјанин на…
Државјанин на Србија е казнет со вкупно…
Во Албанија опожарени околу 11 илјади хектари…
Пожарите во Албанија зафатиле околу 11 илјади…
Истражување: Студентската листа води пред Вучиќ
На парламентарните избори во Србија, листата на…
По спорот за химната, Македонците од Пустец…
До редакцијата на Национал пристигна реакција од…