Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да го знае ЕУ, вели претседателот на хрватскиот парламент
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност и европскиот столб на НАТО бидејќи светскиот поредок се менува, изјави денеска претседателот на хрватското Собрание, Гордан Јандроковиќ, на конференцијата на хрватските амбасадори, конзули и воени аташеа, предупредувајќи дека соседна Србија набавува офанзивно оружје, пренесува Н1.
„Србија се вооружува не само со одбранбено, туку и со офанзивно оружје, а тоа треба да им биде посочено на нашите западни сојузници“, нагласи тој.
Јандроковиќ додаде дека Хрватска мора да им ги објаснува случувањата во регионот на западните земји, бидејќи новите политички елити често не го разбираат просторот на поранешна Југославија или не се сеќаваат на великосрпските политики на Слободан Милошевиќ и распаѓањето на тогашната држава.
Според него, Хрватска ќе продолжи да се залага за мултилатерализмот, меѓународното право и меѓународниот поредок, но мора да биде свесна за предизвиците и да има одговори на нив. Тој ја нагласи важноста од зајакнувањето на европскиот столб на НАТО, велејќи дека Европа со децении живееше со чувството дека Америка секогаш ќе стои зад неа, што ги натера европските земји да ја занемарат сопствената безбедност.
Јандроковиќ го спомена и проширувањето на ЕУ, оценувајќи дека во интерес на Хрватска е земјите од нејзиното југоисточно соседство постепено да напредуваат кон членство во Унијата врз основа на постигнатиот напредок, но истакна дека Загреб истовремено мора јасно да зборува за случувањата во својот регион и да предупредува на потенцијалните безбедносни ризици.
На собирот учествуваше и еврокомесарката за проширување Марта Кос, која истакна дека 2026 година е рекордна во однос на напредокот на проширувањето на ЕУ, бидејќи во првите осум месеци беа отворени и затворени повеќе поглавја отколку во која било година во последните 25 години. Таа нагласи дека проширувањето повторно ја презеде улогата на европски геополитички стабилизатор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…
Уапсен е македонски државјанин во Србија, понудил…
Припадници на Министерството за внатрешни работи на…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…