Србија се бори со 44 активни пожари: Рускиот авион „Иљушин“ се вклучи во гаснењето на Сува Планина

t

Пожарите и натаму се шират на повеќе места во Србија, каде што во моментов се активни 44 пожари на отворен простор. Во гаснењето на пожарот на Сува Планина е вклучен и рускиот авион „Иљушин“, заедно со хеликоптери на Министерството за внатрешни работи на Србија.

На Сува Планина огнот го зафатил шумскиот предел на територијата на општината Бела Паланка, каде што пожарникарските екипи и останатите служби продолжуваат со интервенциите.

Поради пожарите, во дел од општината Нишка Бања е прогласена вонредна состојба.

На Бојанине Воде пристигнала тешка механизација, која работи на проширување на шумскиот пат од Бојанине Воде кон Мосар. Патот се проширува на широчина од 10 до 15 метри со цел да се создаде одбранбена линија кон атарот на селото Горња Студена.

Силниот ветер на места дополнително го разгорел пожарот во Делиблатската Песочара, во близина на патот кон Шушарац. Пожарот кај Мајданпек, во атарот на селото Рудна Глава и во близина на Голубиње, е локализиран.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека надлежните служби продолжуваат со гаснењето и со преземање мерки за спречување на понатамошното ширење на пожарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меркел им порача на Германците дека „нема…

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, синоќа ги…

Трамп двапати одбил да ги нападне Хутите,…

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман двапати телефонски…

Казни до 200 евра за возење сам…

Возењето сам во лента резервирана за повеќе…

Нов раст на енергенсите: „Брент“ над 106…

Нов раст на цените на енергенсите е…

Македонската и хрватската Царина потпишаа Меморандум за…

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и…