Србија се бори со 44 активни пожари: Рускиот авион „Иљушин“ се вклучи во гаснењето на Сува Планина
Пожарите и натаму се шират на повеќе места во Србија, каде што во моментов се активни 44 пожари на отворен простор. Во гаснењето на пожарот на Сува Планина е вклучен и рускиот авион „Иљушин“, заедно со хеликоптери на Министерството за внатрешни работи на Србија.
На Сува Планина огнот го зафатил шумскиот предел на територијата на општината Бела Паланка, каде што пожарникарските екипи и останатите служби продолжуваат со интервенциите.
Поради пожарите, во дел од општината Нишка Бања е прогласена вонредна состојба.
На Бојанине Воде пристигнала тешка механизација, која работи на проширување на шумскиот пат од Бојанине Воде кон Мосар. Патот се проширува на широчина од 10 до 15 метри со цел да се создаде одбранбена линија кон атарот на селото Горња Студена.
Силниот ветер на места дополнително го разгорел пожарот во Делиблатската Песочара, во близина на патот кон Шушарац. Пожарот кај Мајданпек, во атарот на селото Рудна Глава и во близина на Голубиње, е локализиран.
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека надлежните служби продолжуваат со гаснењето и со преземање мерки за спречување на понатамошното ширење на пожарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија се бори со 44 активни пожари:…
Пожарите и натаму се шират на повеќе…
Над 1.300 летови откажани во Британија поради…
Иако техничкиот дефект што предизвика сериозни проблеми…
Македонски државјанин приведен во Загреб по инцидент…
Македонски државјанин бил приведен по слетувањето на…
Подготвени сме за сите сценарија со Турција,…
Подготвени сме за секое сценарио. Не стравувам…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економијата да…
Кога СДС зборува за јавниот долг, прво…