Србија ја донесе oдлуката за извоз на два милиона литри зејтин во Македонија
На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.
-Процесот е почнат, околу 2 000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отвроен Балкан“. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Ниоловски.
Се прават сите напори, нагласи министерот уште еднаш, за обезбедување доволно суровини и производи стратешки за државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата…
Европската Комисија ја суспендирала исплатата за европската…
Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…
Без струја делови на Кисела Вода
Без електрична енергија денеска од 9 до…
(Видео) Руски генерал загина во експлозија на…
Генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на одделот за…
Истражна постапка за Нигериецот кој со оружје…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…