Средба Ферати – Рокас: Добрите меѓуетнички односи се столб за европската перспектива на земјата
Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска го пречека на средба амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.
За време на средбата, беше разговарано за унапредувањето на процесот на европска интеграција и важноста на добрите односи меѓу заедниците како еден од основните столбови за градење демократско и одржливо општество.
Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во одлучувачките процеси и создавањето еднакви можности за сите граѓани, како основа за градење инклузивно општество.
Министерот Ферати и амбасадорот Рокас разговараа и за зајакнување на институционалните капацитети на Министерството за односи меѓу заедниците, со цел зголемување на ефикасноста во изготвувањето и спроведувањето на политиките што придонесуваат за социјална кохезија.
Двајцата соговорници ја поздравија континуираната поддршка на Европската Унија за проекти што придонесуваат за рамномерен развој на регионите и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Министерот Ферати изрази благодарност за партнерството со Европската Унија, нагласувајќи ја подготвеноста за продлабочување на соработката во иницијативи што го зајакнуваат соживотот, институционалниот развој и европската перспектива на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба Ферати – Рокас: Добрите меѓуетнички односи…
Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати,…
Страшна трагедија го потресе светот: Седумметарски питон…
Триесет и петгодишниот Хашим Лубеси го загуби…
Киднапирана пред 4 години како тинејџерка: Девојка…
Мистеријата за исчезнувањето на 15-годишно девојче од…
ФФМ ја поддржува заедничката позиција на УЕФА:…
УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат…
Потврден новиот состав на Извршниот комитет на…
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди…