Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМЕ
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи дека станува збор за тим составен од жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство.
За генерален секретар на Унијата е избрана Елена Ивановска, која во моментов ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за образование и наука. За потпретседателки се избрани Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, и Ленче Нелоска, директорка на Геронтолошкиот завод во Скопје.
Во новиот Извршен комитет членуваат и оперската уметница Ана Дурловска, доцентката и специјалист по дерматовенерологија Мирела Василева, новинарката Ана Шутиновска Лазаревска, етнокореологот Љупка Стефановска, како и повеќе експерти, професори, лекари, правници, директори на јавни институции, пратенички и градоначалнички.
Меѓу членовите се и Марија Карапанчева, Андреа Ѓошевска, Надица Андреева, Ружица Николовска, Даниела Димовска, Елена Кочоска, Ирена Алексиоска Папестиев, Маре Богева Мицовска, Наташа Јанушева, Билјана Кузманоска, Ивана Лазаревска, Дијана Илиевска, Драгана Арсова, Катерина Димитровска, Анета Марковска Илиевска, Даниела Трпеска, Марија Нацева, Бети Стаменкоска Трајкоска и Наталија Димитриева.
Митева порача дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на создавање можности за поголемо учество на жените во јавниот и политичкиот живот, јакнење на женското лидерство и нивно активно вклучување во процесите што, како што наведе, придонесуваат за развојот на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…
Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…
Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…
Србија наскоро би можела да добие претседател…
Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…
Врховниот суд на Канада го остави во…
Со нож ја ограбил среде кафуле во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…
Американската армија онеспособила брод што се обидел…
Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…