Средба Ферати – Рокас: Добрите меѓуетнички односи се столб за европската перспектива на земјата
Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска го пречека на средба амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.
За време на средбата, беше разговарано за унапредувањето на процесот на европска интеграција и важноста на добрите односи меѓу заедниците како еден од основните столбови за градење демократско и одржливо општество.
Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во одлучувачките процеси и создавањето еднакви можности за сите граѓани, како основа за градење инклузивно општество.
Министерот Ферати и амбасадорот Рокас разговараа и за зајакнување на институционалните капацитети на Министерството за односи меѓу заедниците, со цел зголемување на ефикасноста во изготвувањето и спроведувањето на политиките што придонесуваат за социјална кохезија.
Двајцата соговорници ја поздравија континуираната поддршка на Европската Унија за проекти што придонесуваат за рамномерен развој на регионите и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Министерот Ферати изрази благодарност за партнерството со Европската Унија, нагласувајќи ја подготвеноста за продлабочување на соработката во иницијативи што го зајакнуваат соживотот, институционалниот развој и европската перспектива на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…