Објавено на:

СРЕДЕ ВОЈНА ЛАПНАЛ МИТО ОД 400.000 ЕВРА!? Украински заменик-министер уапсен за корупција!

t

Лозински е осомничен дека го примил митото за да овозможи потпишување договор за купување опрема и генератор по нереално висока цена од 7,6 милиони долари.

Заменик-министерот за инфраструктура на Украина Васил Лозински е уапсен поради сомнение дека зел мито од 400.000 долари. По приведувањето тој е сменет од функцијата и покрената е интерна ревизија откако медиумите објавија дека наводно бил потпишан договор со „надуени“ цени.

„Кабинетот на министри на Украина нареди В.М. Лозински да се разреши од должноста заменик-министер за развој на заедницата, територијата и инфраструктурата во Украина“ – напиша на Телеграм украинскиот премиер Денис Шмигал.

Истрагата што ја отворила Националната канцеларија за борба против корупцијата на Украина открила дека се проневерени јавни пари издвоени за алтернативни извори на енергија во текот на зимските месеци.

Лозински е осомничен дека го примил митото за да овозможи потпишување договор за купување опрема и генератор по нереално висока цена од 7,6 милиони долари.

Апсењето и неговата смена доаѓа во период кога Украина се соочува со недостиг на електрична енергија поради руските гранатирања на енергетската

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривопаланчани, во сабота, на нов протест против…

Во сабота, 28 ноември 2026 година, во…

Сиљановска: Славевски беше мој личен избор, дојдов…

Претседателката Сиљановска денес сведочеше на надзорната расправа…

Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…

Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…

Пратениците на СНС ја напуштија седницата, заминаа…

Пратениците на Српската напредна партија (СНС) утрово…

Бомба фрлена врз куќата на директор на…

Рано утринава експлозивна направа била фрлена врз…