Стефановски: Путин денеска најави дека ќе искористи нуклеарно оружје доколку Русија биде загрозена
Она што се случува во Украина предивика низа од кризи. Сега стигаат и подраматични најави дека следува конфликт меѓу големите земји во кој ќе настрадаат малите земји.
– Обраќањето на Владимир Путин значи дека веќе се случува глобален конфликт со кризни реперкусии во сите сфери на живеењето. Тој со најавата за референдуми на Доњецк и Луганск најави анексија на 15 отсто од територијата на Украина. Најавата за регрутација на резервисти, пак, може да значи дека Русија ќе ѝ објави војна на Украина, оти сега, според нивната теринологија станува збор за „специјална операција“, вели Милан Стефановски, безбедносен аналитичар во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Стефановски вели дека светот се подготвува за неколку конфликти, оти тука е и тензијата околу Тајван, така што нѐ очекува потенцијално драматичен период.
– Русија сака да се наметне како глобален играч и зимава ќе ги искористи енергенсите како оружје за доминација, коментира Стефановски за тоа зошто толку долго трае конфликтот во Украина ако целта на Русија беше денацификација и демилитаризација на Украина.
Ниедна воена операција од обемот на онаа што се случува во Украина не може да не биде поддржана од разузнавачи. Украина има силна армија која е поддржана од западните разузнавачки извори.
– Одамна е напуштен концептот дека само војската може да ја добие војната, вели Стефановски и додава дека сме сведоци на алтернативно војување како што се атентати и кибернапади.
Во однос на можноста Русија да употреби нуклеарно оружје, Стефановски посочи дека Владимир Путин тоа јасно го кажа во дененото обраќање до јавноста, дека нема да се колеба да употреби нуклеарно орује доколку територијата на Русија биде загрозена.
Извор: ТВ 24
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…