Стефановски: Путин денеска најави дека ќе искористи нуклеарно оружје доколку Русија биде загрозена

t

Она што се случува во Украина предивика низа од кризи. Сега стигаат и подраматични најави дека следува конфликт меѓу големите земји во кој ќе настрадаат малите земји.

– Обраќањето на Владимир Путин значи дека веќе се случува глобален конфликт со кризни реперкусии во сите сфери на живеењето. Тој со најавата за референдуми на Доњецк и Луганск најави анексија на 15 отсто од територијата на Украина. Најавата за регрутација на резервисти, пак, може да значи дека Русија ќе ѝ објави војна на Украина, оти сега, според нивната теринологија станува збор за „специјална операција“, вели Милан Стефановски, безбедносен аналитичар во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Стефановски вели дека светот се подготвува за неколку конфликти, оти тука е и тензијата околу Тајван, така што нѐ очекува потенцијално драматичен период.

– Русија сака да се наметне како глобален играч и зимава ќе ги искористи енергенсите како оружје за доминација, коментира Стефановски за тоа зошто толку долго трае конфликтот во Украина ако целта на Русија беше денацификација и демилитаризација на Украина.

Ниедна воена операција од обемот на онаа што се случува во Украина не може да не биде поддржана од разузнавачи. Украина има силна армија која е поддржана од западните разузнавачки извори.

– Одамна е напуштен концептот дека само војската може да ја добие војната, вели Стефановски и додава дека сме сведоци на алтернативно војување како што се атентати и кибернапади. 

Во однос на можноста Русија да употреби нуклеарно оружје, Стефановски посочи дека Владимир Путин тоа јасно го кажа во дененото обраќање до јавноста, дека нема да се колеба да употреби нуклеарно орује доколку територијата на Русија биде загрозена.

Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…