Објавено на:

Столтенберг: Ако Путин победи во Украина, постои реален ризик да не запре тука

t

Во случај на победа на Русија во Украина, постои „реален ризик“ рускиот претседател Владимир Путин да не застане тука, предупреди денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Доколку Путин победи во Украина, постои реален ризик неговата агресија да не запре тука“, изјави Столтенберг пред новинарите, инсистирајќи на потребата да продолжи воената помош за Киев, пренесува Бета-АФП.

„Нашата поддршка не е добротворна организација, таа е инвестиција во нашата безбедност“, додаде тој.

Лидерите на ЕУ се состануваат во четврток во Брисел за да одлучат, меѓу другото, за помошта од 50 милијарди евра за Украина, на што се противи Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…