Објавено на:

Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз отворените општества и демократии

t

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг во разговор со словачкиот вицепремиер Роберт Калинак изјави дека нападот врз премиерот Роберт Фицо е напад врз демократиите и отворените општества.

Столтенберг на платформата „Х“ напиша дека во разговорот со Калинак изразил солидарност со премиерот Фицо и народот на Словачка.

– Мораме да застанеме заедно и да ги браниме нашите вредности – напиша Столтенберг.

Словачкиот претседател Петер Пелегрини рече дека Фицо и понатаму е во сериозна, но стабилна состојба и дека може малку да зборува.

– Може да зборува, но само неколку реченици и прилично е уморен со оглед на тоа дека е на лекови – изјави Пелегрини кој го посети Фицо во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

И директори на МТВ во македонската делегација…

На политичката сцена во Македонија се уште…

Кулеба: Украина не може да чека уште…

Ветувањето дека Украина ќе стане членка на…

СДСМ: Мицкоски на НАТО самитот беше маргиналец,…

Откако спадна прашината која ја креваше ВМРО-ДПМНЕ…

Нова провокативна изјава на Медведев: Русија да…

Русија треба да направи се за да…