Стојанче ја снимал Ивана додека ја тепал, па се смеел додека таа плаче
Обвинителството во судница презентираше нови видеоснимки како докази во предметот против Стојанче Јовановски. Првата снимка е извадени од телефонот на обвинетиот, од 10 февруари 2026 година. Јовановски ја снимал Ивана непосредно откако таа го пријавила на 112 за семејно насилство.
На записот се гледа Ивана Јовановска како стои во ходникот пред вратата од нивниот стан, каде што живееле, и таа разговара со Стојанче Јовановски со прекрстени раце, се брани и плаче. Јовановски цело време ја снима со мобилен телефон додека таа се држи за глава, плаче и го моли со зборовоти: „Не ме удирај веќе“, а Стојанче одговара: „Добро, не те удирам“.
Ивана плачејќи го прашува: „Зошто ме удираш, зошто ме удри, ајде кажи ми?“. Стојанче пак, се смее додека ја снима. Ивана повторно му вели: „Зошто ме удри?“ и со левата рака се држи кај бубрезите. Стојанче на снимката се обидува со раката да ја отвори вратата пред која стои Ивана и се смее, ја исмева Ивана, па ја имитира со зборовите: „Еве кај ме удри“. На снимката Ивана му кажува дека го пријавила за семејно насилство, кажува дека ја удрил по главата и плаче.
Во еден момент Ивана на снимката му се обраќа на Стојанче со зборовите: „Дрогата ти го исуши паметот, се утепа од дрогирање, со дрога во гепек те фатија, глумиш дека не е твоја зашто не ти се оди во затвор“.
Обвинителството презентираше уште еден видеозапис од Ивана Јовановска, на кој се гледа дека Ивана стои во ходникот пред вратата и се расправаат со Стојанче Јовановски. Таа е видно вознемирена, плаче, а Стојанче за цело време ја снима и меѓу разговорите се смее, па и вели „да му се трне“, а таа одговара: „што да ти се тргнам, што ме тепаш цело време?“.
На видеото Ивана ја поткрева блузата и пак ја спушта, а Јовановски за цело тоа време се смее. Ивана му вели: „сега викна полиција и чекај си ја, да им кажеш што имаш направено, зашто ме истепа и ми викна полиција“.
Во еден момент од видеото Ивана му се обраќа на Стојанче со зборовите: „По бубрези ме маваш зашто сам ми имаш кажано дека татко ти мавал по бубрези кога бил полицаец, за да не се познава“.
Потоа го прашува: „А по скали што ме бутна во болница пред сведоци што сакаше да ме убиеш и што те пријавив? Колку пати ме имаш тепано? Во систем колку пријави има дека има семејно насилство од твоја страна?“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стојанче ја снимал Ивана додека ја тепал,…
Обвинителството во судница презентираше нови видеоснимки како…
Нови снимки во судницата: Стојанче ја удира…
Во скопскиот Кривичен суд продолжи судењето против…
Обвинителот Смилевски го презема случајот „Талир 2“,…
Нов обвинител го презеде предметот „Талир 2“,…
Димитровска влезе во судница: Мислам дека не…
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување…
Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче…
Видео од камерите од „Сејф сити“ покажува…