Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата.
Како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатурата на Радичевски била едногласно изгласана на редовна седница на Извршниот комитет на партијата.
Радичевски е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.
„Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на Општина Брвеница“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекуваат убедлива победа на вонредните локални избори во Брвеница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник…
Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ…
ДИК: За изборот на градоначалник во општина…
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14.…
Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…
Демократската унија за интеграција на изборите за…
(Видео) Хаким Рамадани си прави митинг во…
Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Хаким…
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница…
*Објава на Фејсбук на кандидатот за градоначалник…