Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените
Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат за градоначалник на предвремените локални избори откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.
Денеска според, податоците на Државната изборна комисија, ќе гласаат 88 болни и изнемоштени лица.
На изборите за градоначалник на Брвеница се гласа за шестмина кандидати на четири политички блока и двајца независни кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од Коалицијата предводена од СДСМ за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од Коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ).
Функцијата на вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.
Утре избирачките места се отвораат во 7 часот и се гласа до 19:00 часот, а денеска гласаат според ДИК 88 болни и изнемоштени.
Во Избирачкиот список во десетте населени места во Брвеница се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја…
По објавувањето на конечните резултати од вонредните…
Ковачки му честиташе на Јахај за победата…
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки вечерва…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
До 15 часот во Брвеница гласале 40,49…
Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од…