Објавено на:

Страшен земјотрес во Кина: Над 30 луѓе го загубија животот

t

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди кинеската провинција Сечуан, најсилниот на подрачјето од 2017 година, загинаа над 30 лица.

Некои патишта и домови близу епицентарот се оштетени од лизгање на земјиште, додека комуникациите се во прекин најмалку во едно подрачје, информираше државна телевизија.

Нема регистрирано штета на брани и хидроелектрани на 50 километри од епицентарот. Но, штетата на мрежата влијаеше на снабдувањето со електрична енергија за околу 40.000 корисници.

Епицентарот на земјотресот е во градот Лудинг, во планините, на околу 226 километри југозападно од главниот град на покраината Сечуан, Ченгду.

Како што пренесуваат кинески медиуми, во Лудинг потресот бил толку јак, што на некои луѓе им било тешко да останат исправени. Пукнатини се појавиле во домови во областа.

На видеа на социјалните мрежи може да се видат како се лулаат светла, а луѓе од згради бегаат на улица.

Според државната телевизија, вкупно 39.000 лица живеат во круг на 20 километри од епицентарот и 1,55 милиони во 100 километри.

Најсилниот земјотрес во провинцијата Сечуан е евидентиран во мај 2008 година, со јачина од 8 степени. Притоа загинаа речиси 70.000 лица, а предизвиканата штета беше огромна.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крај на драмата: САД соопштија дека го…

САД соопштија дека е соборен кинескиот воздушен…

Бајден: Ќе се погрижиме за кинескиот шпионски…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден,…

(Видео) Драми над небото во САД: Воените…

Американските воени претставници изјавија дека сомнителен „шпионски…

За првпат по шест децении се намалува…

Населението на Кина се намали минатата година…

Јапонија стравува дека Кина ќе ја “запали”…

Азија би можела да биде утрешната Украина,…