Струмичките пожарникари стигнаа во Адана, се вклучија во пребарувањето на жртви од земјотресот
Тимот од осум пожарникари и еден преведувач, по поминати 2.200 километри, во раните утрински часови стигнал во Адана, Турција, каде веднаш се вклучил во пребарувањето на жртвите од катастрофалниот земјотрес.
Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, тие пристигнале безбедно и веќе работат на пребарување во урнатините.
Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција,во градот Адана, кој е речиси целосно уништен, работат на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе. Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот, изјави Гудев.
Тимот на струмичките пожарникари-спасители, специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при дирекцијата за заштита и спасување, треба да остане таму во наредните десет денови.
Инаку, според информациите од Адана, град кој има околу 270 илјади жители, бил скоро целосно разурнат од катастрофалниот земјотрес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вишеградски бунт: Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар…
Премиерите на земјите од Вишеградската група (В4)…
Сериозен сајбер напад се случува на секои…
Сајбер криминалот станува сè поголема закана за…
Нападната електроенергетската мрежа во Австрија, 20.000 корисници…
Намерен напад врз електроенергетската инфраструктура во австрискиот…
Ракетен напад врз финансискиот центар во Ријад…
Најмалку 11 лица се повредени во ракетен…
Израел тврди дека Иран активирал тајни ќелии…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изнесе…