Стрaшно обвинyвaње на Мета: Демонстрантите kрвавите протeсти биле убиeни од Рама и Баша

t

Албанскиот претседател Илир Мета за крвавите демонстрации што се случија во јануари пред 11 години, во кои беа убиени четири лица, за главни виновници ги посочи Еди Рама, тогаш во опозиција, и Љуљзим Баша, тогашен министер за внатрешни работи.

Гостуваjќи во емисијата “Now” Мета кажа дека четворицата демонстранти „се убиени од Рама и Баша”.

Тој во емисијата додал дека претходно бил информиран оти на протестот оранизиран од опозициската Социјалистичка партија за 21 јануари 2011 година ќе бидат извршени убиства.

– Наутро ми ѕвони домашниот телефон. Доаѓа вест од мој стар пријател од странство. Ми вели дека во оваа ситуација оценува дека се планираат убиства, изјавил Мета, пренесен од АБЦњуз.

Веднаш по оваа информација тој го информирал Сали Бериша, дека Рама и Баша планираат да убиваат луѓе на протестот.

– Отидов кај Бериша, тогаш премиер и му реков дека треба да побара од обвинителството да го испита ова прашање, бидејќи тие планираат да убиваат луѓе на протестот, изјави Мета.

Во време кога беше организиран протестот на власт беше Демократската партија, чиј лидер беше Бериша, во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција на Мета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…

Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…