Стуб најавува нова рунда преговори за Украина – САД, Русија и Европа би можеле да седнат на иста маса

t

Средба на претставници на САД, Русија, Украина и европските земји би можела да се одржи за една до две недели, изјави финскиот претседател Александер Стуб.

„Можно е за една или две недели да се одржи нова средба на техничко ниво меѓу Американците, Украинците, Русите и Европејците. Тоа би било успех“, изјави Стуб пред новинарите.

Тој повика најпрво да се почекаат резултатите од посетата на Москва на специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Според Стуб, постои реална можност европските земји да бидат вклучени во преговорите.

Финскиот претседател нагласи дека дијалогот е неопходен, посочувајќи дека токму поради тоа тој и норвешкиот премиер Јонас Гар Стере претходно телефонски разговарале со рускиот претседател Владимир Путин.

Разговорот се одржал на 27 октомври и бил посветен на можностите за решавање на конфликтот во Украина.

Од кабинетот на финскиот претседател соопштија дека Стуб и Стере не разговарале со Путин во име на цела Европа, туку ги пренеле исклучиво ставовите на Финска и Норвешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…

Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…

Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…