Судењето на 13 полицајци за „Пулс“ почнува од почеток поради промена на Судечкиот совет

t

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ почна од почеток поради промена на составот на Судечкиот совет.

Како што информираше Судот, еден од поротниците информирал дека поради здравствени причини месец и повеќе нема да може да учествува на судењата, додека вториот најавил дека поради други ангажмани нема да учествува повеќе како поротник на судските процеси.

Судењето го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, додека застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Обвинителството, како што информираше јавната обвинителка Андонова, останува целосно на обвинението.

Обвинетите Дејан Салтировски, Ванчо Георгиевски, Марија Маневска, Томе Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлум Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Маријан Радевски повторно пред Судот се произнесоа по однос на разбирање на обвинението и изјавија дека остануваат на претходно изнесеното непризнавање на вина.

Судот, информираше дека се преземаат сите досега изведени материјални докази и сослушани сведоци и се продолжува со сослушување на сведоци на Обвинителството.

Судењето е поврзано со трагичниот пожар што избувна на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Според обвинението, полициските службеници кои биле дежурни истовремено биле ангажирани и во дискотеката, но не ја прекинале забавата ниту спречиле користење пиротехника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето на 13 полицајци за „Пулс“ почнува…

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети…

Волц: САД ќе продолжат со максималниот притисок…

Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц, денеска…

Поранешниот шеф на Гугл со порака: Исклучете…

Поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит,…

(Фото) Пронајдени се илјадници евра: Голема акција…

Во тек е голема полициска акција на…

Уапсени се четворица арамии кои краделе со…

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против…