Сѐ уште е активен пожарот во кавадаречко

t

Во кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален но сѐ уште е активен, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Денеска од 06:00 часот на пожарот се ангажирани повеќе екипи на два правци: На правецот од с.Дреново кон Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна, 1 скип и 2 вработени; МВР со 1 џип, 1 пинцгауер и 4 вработени; ЈПНШ – подружница „Бор“ Кавадарци со 1 камион, 1 џип и 4 вработени; и ТППЕ Кавадарци со 2 пинцгауери, 1 „Лада Нива“ и 8 пожарникари;

Во реонот на с. Раец интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна за вода, 1 скип и 2 вработени; ТППЕ Кавадарци со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари; ТППЕ Неготино со 1 џип и 4 пожарникари; како и 4 вработени од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…