Објавено на:

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале пожар, направена е штета од 100 илјади евра

t

Две мачки предизвикале голем пожар во стан во повеќекатница во Долна Баварија, откако во текот на играта најверојатно ги активирале прекинувачите од ринглите на шпоретот, соопшти локалната полиција.

Пожарот избил во петокот наутро во округот Ландсхут, а густиот чад брзо се проширил низ целиот стан и зградата, предизвикувајќи паника меѓу станарите.

Пожарникарите успеале да спасат една од мачките од опожарениот стан. За жал, за второто милениче помошта пристигнала предоцна – животното подоцна било пронајдено мртво во просториите.

„На спасената мачка ѝ дадовме кислород, а потоа веднаш ја предадовме на ветеринар“, изјави командантот на противпожарната интервенција, Себастијан Бекл.

Како дошло до несреќата?

Според полицискиот извештај, причината за пожарот е крајно необична. Додека си играле во кујната, мачките случајно ги свртеле и ги активирале прекинувачите на две рингли од шпоретот.

Состојбата дополнително се влошила затоа што на една од вклучените рингли имало оставено пластично шише, кое веднаш се запалило. Пламенот и токсичниот чад потоа со голема брзина се прошириле низ домот.

Огромна материјална штета

Противпожарната служба соопшти дека нивната интервенција на терен траела сè до 11 часот претпладне. Станот е целосно руиниран и претрпел огромна материјална штета, која полицијата прелиминарно ја проценува на околу 100.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…