„Расадник“ почнува да се реновира, РК Вардар официјално се враќа во стариот дом
Спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода денеска и официјално почнува да се реновира, за што ќе бидат потрошени 120 милиони денари (два милиони евра), објавија денеска министерот за спорт, Борко Ристовски, градоначалникот на оваа општина, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицковски.
Се очекува овој објект да стане еден од најрепрезентативните во тој дел од градот и место каде што илјадници дечиња ќе ги направат првите спортски чекори, како што беше и во минатото. На денешната прес-конференција и официјално беше најавено дека „Расадник“ по завршување на реконструкцијата ќе стане дом на двојниот европски шампион РК Вардар, кој всушност ќе се врати дома со оглед што во минатото долго време како домаќин играше во оваа сала.
Рокот за завршување на работите е 20 месеци, но министерот Ристовски се надева дека овој рок ќе биде многу пократок. Салата „Расадник“ во моментов е руинирана и долго време во неа нема спортски активности, поради што Владата пред една ипол година ја даде во владение на општина Кисела Вода со цел да ѝ се врати примарната дејност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фрчкоски: Францускиот предлог е подобар од…
Францускиот предлог е подобар од Преспанскиот договор,…
Еден паметен Албанец: ,,Сите Албанци, другари и…
Пишува Аријан Раиф: Ова никако не можам…
МЕРКЕЛ ГИ ПРОМОВИРАШЕ МЕМОАРИТЕ: Кои се грешките…
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел на промоцијата…
Украина: Северна Кореја и достави на Русија…
Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) објави дека…
Претседателката Сиљановска Давкова ги осуди вчерашните инциденти…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи…