Телата на загинатите руски војници се складираат во ладни возови

Една од мрачните реалности на војната е справувањето со телата на загинатите во конфликтот – а тоа ги вклучува и руските војници.
Ројтерс ја раскажува приказната за специјализираните ладни возови со ладилници кои Украина ги користи за складирање на мртвите.
„Во овој фрижидерски воз се чуваат неколку стотици тела на руски окупатори. Повеќето од нив биле донесени од регионот на Киев, има и од регионот Чернихив, а исто така и од некои други региони“, изјави официјален претставник за новинската агенција.
Володимер Лајамзин, задолжен за цивилно-воена соработка, рече дека телата се складираат на овој начин за на крајот да бидат вратени во нивната татковина.
„Според нормите на меѓународното хуманитарно право, а Украина строго ги следи, по завршувањето на активната фаза на конфликтот, страните треба да ги вратат телата на војската на друга земја“, рече тој.
Има неколку такви возови низ целата земја, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласија од КФОР: Војниците без причина…
Мисијата на КФОР соопшти дека во вчерашните…
Украинците признаа: Загинаа над 93.000 наши војници
Украинските власти објавија дека од почетокот на…
(Видео) Руските војници пристигнаа во Белорусија: Ќе…
Првите руски војници кои ќе бидат дел…
НАТО ќе се потруди да ги снабди…
Членките на НАТО се обидуваат да и…
Официјално: Покрај хеликоптер испраќаме и војници како…
Владата на Република Македонија, во знак на…