Тешка несреќа на патот Штип-Кочани, едно лице загина
Триесет и девет годишен возач загина во сообрајка на експресниот пат Штип-Кочани, јавува телевизија М-НЕТ.
Пријавата во СВР-Штип пристигнала во 2.24 часот.
Несреќата се случила во близина на клучката кај село Крупиште, а според првичните информации во несреќата учествувало само едно возило.
Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје, додека сопатничката и две малолетни деца се пренесени во штипската Клиничка болница. Увидот во несреќата е во тек.
Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти. На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки животите ги загубија пет лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…