Објавено на:

Тешка несреќа на патот Штип-Кочани, едно лице загина

t

Триесет и девет годишен возач загина во сообрајка на експресниот пат Штип-Кочани, јавува телевизија М-НЕТ.

Пријавата во СВР-Штип пристигнала во 2.24 часот.

Несреќата се случила во близина на клучката кај село Крупиште, а според првичните информации во несреќата учествувало само едно возило.

Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје, додека сопатничката и две малолетни деца се пренесени во штипската Клиничка болница. Увидот во несреќата е во тек.

Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти. На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки животите ги загубија пет лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Срцето ми е скршено

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…

Во Украина стапи во сила законот за…

Во Украина денеска стапи во сила оспоруваниот…

Викенд диета за брзо чистење на телото

Викенд диетата за експресно прочистување на телото…

Посебен сообраќаен режим поради одржување трки

Поради беспрекорно одржување на 4. Stopanska Triogy…

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…