Тешка сообраќајка во битолско, поврeдeни 10 лица во cyдир на три возила

t

Тешка сообраќајна несреќа се случила на излезот од Битола кон Кравари. Во несреќата учествувале три возила, патничко комбе, кое пренесувало работници од фабриката Кронберг и Шуберт, патнички автомобил и паркиран камион влекач, пренесува ТВ Телма.

Според првичните информации од битолската клиничка болница во сообраќајката има 10 повредени лица, од кои две се здобиле со потешки телесни повреди.

Увидот од страна на екипи на СВР Битола сѐ уште трае.

Од СВР-Битола за МИА потврдија дека сообраќајката се случила на „Краварски пат” во 14.40 часот, во непосредна близина на тамошната бензиска пумпа, кога работници од утринската смена од фабриката „Кромберг и Шуберт“ се враќале кон Битола.

-Според првичните информации во сообраќајната незгода учествувале три моторни возила и притоа повредени се неколку лица. Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници, известија од СВР-Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јужниот дел од Мексико погоден од ураганот…

Агата, најсилниот ураган во историјата, што во…

Експлозија во Филаделфија: Најмалку 4 лица загинаа…

Најмалку четири лица загинаа по експлозија во…

ПОВРЕДЕН РУДАР СВЕДОЧИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО СОКОБАЊА:…

Директорот на Општата болница во Алексинац, д-р…

ОСУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУДНИКОТ КАЈ…

Осуммина рудари загинаа во експлозија на метан…