ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ГОСТИВАР – Петмина со тешки повреди итно префрлени на скопските клиники
Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „цитроен берлинго“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Р.Ј. (59) од Гостивар, и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Р. (70) од Гостивар, се случила вчеравечер во 23:10 часот во гостиварската населба Млаки.
-При тоа со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи Р.Ј. и О.Р., како и сопатниците М.С. (64), З.И. (45) и С.Р. (60), кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Сопатниците Д.П.Г. (59) и П.А. (54), се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ГОСТИВАР – Петмина со…
Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „цитроен берлинго“ со…
Солун: 23-годишна девојка пронајдена мртва во стан,…
23 годишна девојка е пронајдена мртва во…
На Македонија ѝ е нанесена неправда –…
Македонското општество низ изминатите години носеше тешки,…
Албанија: Значително намален интересот за добивање албанско…
Минатата година забележен е значителен пад на…
НАТО се подготвува за тежок самит, Трамп…
Лидерите на НАТО ќе се соберат во…