Објавено на:

Албанија: Значително намален интересот за добивање албанско државјанство во 2025 година

t

Минатата година забележен е значителен пад на интересот за добивање албанско државјанство, потврдуваат податоците од албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ).

Според официјалните податоци, минатата година албанско државјанство добиле 495 лица, бројка значително помала од претходната година, кога таа изнесувала 919 лица. Од вкупниот број 306 се лица кои барале враќање на претходно откажаното државјанство, а 189 го добиле првпат.

Во структурата доминираат граѓаните на Косово, кои сочинуваат 56,1 отсто од вкупниот број, по што следат турските државјани со 20,1 отсто, додека 4,8 отсто се македонски и исто толкав процент италијански државјани.

Минатата година забележано е намалување и на бројот на барањата за откажување од државјанство или такво барање доставиле 173 лица наспроти 472 лица претходната година.

Во текот на 2025 година, над 35 отсто од лицата кои добиле албанско државјанство и околу 42 проценти кои се откажале од него припаѓаат на возрасната група од 30 до 39 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…