Тешка сообраќајка меѓу мерцедес и голф, има повредени

t

На 03.01.2023 во 16.00 во ОВР Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, кај место викано ,,Ветарник“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од М.М.(73) од с.Лисичани, Општина Пласница и патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(47) од с.Зајас, кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.А.(47) од с.Зајас, додека возачот Е.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски: Има отпор на Клиниката за онкологија…

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна…

Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…

Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…

Гаши од Рокас го прими Извештајот на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…

Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…

Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…

(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…

Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…