Тинејџер кој туркал тротинет заврши со повреди, возило удрило во него и избегало
Тинејџер од Скопје тешко повреден откако вчера попладне во него удрило возило и го напуштило местото на несреќата. Детето е пренесено на скопските клиники.
Како што информираа од МВР, вчера во 16:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Адем Демачи“ во Скопје, патничко возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возилото и возачот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Колку и да сакаат да го…
Во случајов можам да кажам, дека имајќи…
НАТО спречил тајна руска операција кај клучни…
НАТО сојузниците спречиле руска подводна операција во…
Што да очекувате од новите генерации слушни…
Што да очекувате од новите генерации слушни…
Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување…
Ако се прави анализа во последните две…
Тешко повреден е работник од Берово откако…
Работник од Берово на 68-годишна возраст е…
