Објавено на:

Топлотен бран во Европа, 8 мртви, стотици во болници

t

ЧЕТИРИ лица починаа во Шпанија, две во Франција и две во Италија, бидејќи силниот топлотен бран продолжува да парализира голем дел од Европа. Рекорден број предупредувања се издадени, избувнаа шумски пожари, а реактор во швајцарска нуклеарна централа е принуден да се затвори, објавува Ројтерс.

Во Шпанија, властите потврдија дека две лица загинале во пожар во Каталонија, додека уште два смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани во регионите Екстремадура и Кордоба. Францускиот министер за енергетика објави уште два смртни случаи поврзани со топлината и дури 300 лица се хоспитализирани.

Италија издаде црвени предупредувања за 18 градови во понеделник, додека во Германија температурите достигнаа 40°C, најжешкиот ден во годината. Во Сардинија, двајца мажи над 60 години починаа од топлотен удар на плажа, објави ANSA.

Метео Франс соопшти дека црвените предупредувања се уште се на сила за неколку области во централна Франција. Ранливите групи се изложени на најголем ризик, а француската министерка за здравство, Катрин Вотрен, изјави дека будноста мора да остане висока.

„Во наредните денови ќе ги видиме последиците, особено за најранливите. Мислам особено на постарите лица“, рече таа.

Турција, која претходно оваа недела се бореше со пожари на неколку локации и мораше привремено да евакуира околу 50.000 луѓе, изјави дека пожарите сега се во голема мера под контрола.

Пожарот што избувна во Каталонија зафати неколку фарми и се прошири на површина од околу 40 километри пред да биде ставен под контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топлотен бран во Европа, 8 мртви, стотици…

ЧЕТИРИ лица починаа во Шпанија, две во…

Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…

Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

Просечната европска пензија во 2022 година била…

Пензиите се главен извор на приход за…