Објавено на:

Топлотен бран ја зафаќа и Германија

t

Топлотниот бран што ја погоди Европа се шири и кон север, кон Германија.

Утре се очекува температурите во одделни делови на Германија да пораснат до 39 степени Целзиусови.

Како што пренесе ДПА, се очекува утре да биде најтоплиот ден од актуелниот топлотен бран, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (DWD). Температурите ќе се движат од 26 до 31 степен долж брегот и од 32 до 39 степени ширум поголемиот дел од земјата.

Исто така, постои ризик од силни олујни ветрови со орканска јачина, при што во северна Германија се предвидуваат силни грмотевици, пренесе ДПА.

– При вакви брзини на ветерот, дрвјата можат да бидат искорнати, а големи предмети можат да летнат во воздух-, предупреди метеорологот Нико Бауер.

DWD очекува различен временски модел во петок, при што на југоисток повторно се очекува топло време, додека температурите од Балтичкото Море до Долна Рајна се очекува да паднат на околу 25 степени.

Врнежи од дожд и грмотевици се предвидуваат во појасот од југозапад кон североисток. Се очекува викендот да почне со поладни температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топлотен бран ја зафаќа и Германија

Топлотниот бран што ја погоди Европа се…

„Сè се менува на 5.000 метри“: Зошто…

Трагедијата на Елбрус, во која загинаа пет планинари…

Пијан возач удрил во трактор со цело…

Возач, за кого подоцна било утврдено дека…

Сопственик на пиварница во САД рече дека…

Властите во американската држава Висконсин ја одзедоа…

Хрватска и Словенија ги очекуваат температури до…

Хридометеоролошкиот завод на Хрватска за денеска очекува…