Објавено на:

Хрватска и Словенија ги очекуваат температури до 42 степени

t

Хридометеоролошкиот завод на Хрватска за денеска очекува температури до 35°Ц, а тие ќе се искачат на 37°Ц веќе утре. Во соопштението за медиумите се вели дека во наредните денови, под влијание на гранката на антициклонот над поголемиот дел од југозападна и централна Европа, ќе остане многу топол и сув воздух. Затоа, ќе биде топло и многу топло, а ќе има голема и многу голема опасност од топлотен бран што може да влијае на здравјето.

„Освен највисоките дневни температурни вредности, кои се очекува да бидат претежно помеѓу 35 и 40°Ц од сабота, 1 август, ќе биде присутно дополнително чувство на непријатност и зголемен топлотен стрес поради недоволно ноќно ладење, па затоа најниските утрински температурни вредности ќе бидат високи, особено на море каде што се предвидува околу или повеќе од 25°Ц. Овие временски и температурни услови, можеби дури и со малку повисоки температурни вредности, ќе останат во поголемиот дел од првата недела од август“, наведуваат метеоролозите. Слични температури се очекуваат и во Словенија.

Предупредувањата поради нов топлотен бран започнуваат уште денес во делови од земјата, додека утре ќе се прошират на цела Хрватска.

Како што се приближува викендот, ситуацијата дополнително се влошува и дури и бројот на портокалови предупредувања се намалува, а црвените стануваат доминантни. Во сабота, регионите Осиек, Карловац, Госпиќ и Книн се под портокалова тревога, додека остатокот од земјата е во црвена боја. Во недела, пак, само регионите Осиек и Госпиќ се под портокалова тревога, додека остатокот од Хрватска е во црвена боја, што укажува на многу висок ризик од топлотен бран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава против Вучиќ и Брнабиќ поради…

Пензионираниот главен даночен инспектор Душко Вуксановиќ денеска…

Две друштва за брзи кредити добија забрана…

Две финансиски друштва добија парични глоби и…

Си Џинпинг ја проширува чистката во врвот…

Кинескиот претседател Си Џинпинг продолжува со чистката…

Украдена Пресветата Причест од католичката црква „Свети…

Кражба во католичката црква „Свети Јосиф“ на…

РУДНИКОТ НА ХАЛКИДИКИ ПОЧНУВА СО ПРОДАЖБА НА…

Компанијата „Елдорадо голд“ ги стави во употреба…