Топлотен бран ја зафаќа Македонија и целиот регион, следува викенд со високи температури
Македонија викендов ќе биде зафатена од нов бран на високи температури, поради што целата територија на државата е ставена во жолта предупредувачка фаза. Во сабота и недела се очекува значително затоплување, а максималните дневни температури ќе се движат од 32 до 39 степени Целзиусови.
Најтопло ќе биде во јужните и централните делови на земјата, додека во Скопје и околината температурата ќе достигне околу 38 степени.
Метеоролозите најавуваат претежно сончево време со мала до умерена облачност. Во западните предели повремено ќе дува засилен ветер од западен правец, кој локално може да придонесе за краткотрајно освежување.
И покрај високите температури, во попладневните часови ќе постојат услови за локален развој на нестабилна облачност. На одделни места се можни краткотрајни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни доколку припаѓаат на ранливите категории на население.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од девојче кое живеело во дрвена куќа…
Доли Партон не беше само една од…
Што ја предизвика смртоносната поплава во Непал:…
Дел од глечер на надморска височина од…
Пет активни пожари на отворено, три се…
На територија на државата денеска до 18…
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…
Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…
Девет луѓе беа убиени во украински напад…