Тошковски и Клековски во Гостивар – почнуваат мерките за враќање на водоснабдувањето
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и министерот за здравство, Сашко Клековски, го посетија Гостивар за одблиску да ја следат состојбата по загадувањето на водата за пиење.
Експерти од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје започнаа со анализа на водоводната мрежа и квалитетот на водата, а се очекува да започне и хиперхлорирање на системот, со цел најнапред да се обезбеди вода за техничка употреба, а потоа и за пиење.
Нови примероци од водата се земени на повеќе локации во градот, а првичните резултати се очекува да бидат објавени утре.
Во меѓувреме, до граѓаните е упатен апел и понатаму да не ја користат водата од водоводната мрежа сè додека надлежните институции не потврдат дека таа е безбедна за употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски и Клековски во Гостивар – почнуваат…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и…
Триесетдневен притвор за раководството на гостиварски Комуналец
По 30 дена затворски притвор добија тројцата…
Насилник од Гостиварско го ранил со нож…
Во Гостиварско 42-годишен насилник со нож го…
Маж од Гостивар загина во сообраќајна несреќа…
Италијанските медиуми пишуваат за страшна сообраќајна несреќа…
Го барале за издржување казна затвор во…
Вчера во 15:00 часот на улица „Беличица“…