ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот
Маж на засега неутврдена возраст денеска е пронајден мртов покрај коловозот на автопат, откако, според првичните информации, бил удрен од возило чиј возач го напуштил местото на несреќата.
Лицето од здобиените повреди починало на самото место. Полициски екипи извршиле увид, а надлежните служби преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот, како и за пронаоѓање на возилото и возачот што учествувал во несреќата.
Случајот го потврди и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, при гостувањето во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија.
„Денеска имаме еден таков случај. Згазен е човек, пронајден е човек на автопат, починат на лице место“, изјави Тошковски.
Полицијата работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата, како и на идентификација и пронаоѓање на возачот кој го напуштил местото на настанот.
Повеќе детали за случајот се очекуваат по завршувањето на увидот и преземените истражни дејствија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен…
Маж на засега неутврдена возраст денеска е…
Расте загриженоста во Иркутск: Откажана традиционалната градска…
Градските власти во Иркутск, Сибир, ја откажаа…
Трамп потврди: Имаше закана за американските бомбардери…
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските…
Сиљановска-Давкова: ЕУ вели дека нема проблем со…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Македонија презела…
Арагчи: Иран ќе ги искористи сите дипломатски…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…