Објавено на:

Арагчи: Иран ќе ги искористи сите дипломатски капацитети за да ги заштити националните интереси

t

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека Иран ќе ги искористи сите свои дипломатски капацитети за да ги заштити националните интереси, да ја зајакне безбедноста и меѓународната положба на земјата.

Тој го наведе тоа на Инстаграм, ден по средбата со амбасадорите, отправниците на работи и шефовите на странските и меѓународните мисии во Техеран, пренесува Press TV.

За време на вчерашната средба, Арагчи пред претставниците на дипломатските мисии го изложи ставот на Техеран за регионалните и меѓународните случувања. Тој го истакна значењето на продолжувањето на дипломатските консултации и дијалогот со странските претставници во актуелните критични околности, наведувајќи дека таквите контакти можат да помогнат во објаснувањето на ставовите на Иран и да обезбедат точно пренесување на факти за ситуацијата на теренот.

„Дипломатијата на Исламската Република Иран продолжува по својот пат сериозно, потпирајќи се на своите принципи и национални интереси“, напиша Аракчи. Тој истакна дека на тој пат Техеран ќе ги искористи сите дипломатски капацитети за да ги заштити националните интереси и да ги зајакне положбата и безбедноста на „саканиот Иран“.

Арагчи вчера предупреди и дека Иран посилно од порано ќе одговори на секоја нова воена агресија против земјата.

„Ако нашите непријатели повторно го изберат патот на воен судир, ќе се соочат со посилен одговор од порано, а ние ќе се браниме поодлучно од пред тоа“, порача иранскиот министер за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА…

Народната банка на Србија (НБС) излезе со…

АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон…

Американските вооружени сили извршиле напади врз ирански…

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко,…

Во местото Горице, во близина на Брчко…

„Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на…

Американските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги…

Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината,…

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за…