Објавено на:

Трамп воведе нови мерки против Канада: Забрана за увоз на алкохол, млечни производи и мотоцикли

t

Трговските тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Канада дополнително се продлабочија, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршни уредби со кои се забранува увозот на одредени канадски производи.

Мерката опфаќа млечни производи, алкохолни пијалаци, мотоцикли и мопеди, концентрати на протеин од сурутка, како и одредени вина, пива, водки и други жестоки пијалаци.

Според објавените уредби, забраната ќе стапи во сила на 29 септември и, како што наведува американската администрација, претставува одговор на, како што се оценува, „континуираната дискриминација врз американската трговија“.

Канадскиот министер за трговија Доминик Леблан соопшти дека владата ги анализира новите американски мерки и најави дека заштитата на канадските работници, земјоделци, семејства и компании останува главен приоритет.

„Како и во изминатите 18 месеци, ќе продолжиме да работиме на зајакнување на домашната економија, диверзификација на меѓународните партнерства и градење посилна Канада“, порача Леблан преку социјалната мрежа X.

Тој откри дека веќе разговарал со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, додавајќи дека Отава останува подготвена за конструктивен дијалог кога Вашингтон ќе покаже подготвеност за тоа.

Ескалацијата на спорот следува откако Канада претходно воведе царини до 50 проценти за одредени производи од САД.

Како дополнителна мерка, администрацијата на Трамп најави дека канадските производи ќе бидат исклучени од дел од договорите за јавни набавки на американската федерална влада.

На надлежната федерална агенција ѝ е наложено да ги отстрани канадските производи од системот за повеќекратни договори за јавни набавки.

„Канадската влада, како и нејзините провинции, им забранија на американските компании пристап до нивните пазари за јавни набавки. Од сега нема реципроцитет – нема пристап“, објави Трамп на својата платформа „Трут Соушл“.

Тој порача дека ограничувањата ќе останат во сила сè додека Канада не обезбеди, како што рече, „целосен и фер реципроцитет“ за американските компании и земјоделци.

Американската администрација веќе во август воведе царини до 50 проценти за канадски производи во вредност од околу 20 милијарди долари, меѓу кои хокеарски стапчиња, мебел, мед и вино, по што Канада најави сопствени контрамерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп воведе нови мерки против Канада: Забрана…

Трговските тензии меѓу Соединетите Американски Држави и…

Денеска топло, а попладне следуваат дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде претежно сончево и…

34 пожари во едно деноноќие – активни…

На ден 08/09.09.2026 година, до 07:30 часот,…

Техеран ќе ги користи метро-станиците како засолништа…

Жителите на иранскиот главен град Техеран ќе…