Објавено на:

Техеран ќе ги користи метро-станиците како засолништа за цивили од воздушни напади

t

Жителите на иранскиот главен град Техеран ќе ги користат многубројните метро-станици во градот како засолништа во случај на војна, пренесе ДПА.

Градот во моментов работи на план и наскоро ќе постави информативни табли, изјави денеска претседателот на градскиот совет, Мехди Чамран.

За време на најжестоките бомбардирања во војната, политичарите го повикаа населението на иранската престолнина да побара засолниште во метро-станиците.

За разлика од многу области во Израел, во Иран не постои национален план за засолништа. Израелските и американските воздушни напади честопати ги изненадуваа повеќето луѓе во Иран.

– Во моментов сме во процес на подготовка на некои метро-станици за да можат да се користат како засолништа. Исто така, се идентификуваат и потребните капацитети во самите станици или во нивна непосредна близина – рече Чамран.

Во Техеран има околу 160 метро-станици. Меѓутоа, за многу од неговите 15 милиони жители, во итен случај станиците веројатно ќе бидат премногу далеку и тешко достижни на време.

Иранските медиуми известуваат дека некои од станиците се наоѓаат на длабочина од над 40 метри под нивото на улицата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техеран ќе ги користи метро-станиците како засолништа…

Жителите на иранскиот главен град Техеран ќе…

Техеран: „Пламенот на војната ќе го зафати…

Централната команда на Хатам ал-Анбија на иранската…

Експлозии одекнуваат источно од Техеран

Жителите на градовите Пакдаш и Чиамдаш, источно…

Техеран сè уште не донел конечна одлука…

Иранските државни медиуми во неделата објавија дека…

(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…

Израел започна воздушни напади врз централен и…